Почетна > Ексклузивно > Започнува снимањето на втората сезона на популарното музичко шоу “7/8″…

Започнува снимањето на втората сезона на популарното музичко шоу “7/8″…

///
Comments are Off

По одличниот прием кај публиката, деновиве по долги подготовки ќе започне снимањето на втората сезона на популарното музичко шоу “7/8″…шоу кое донесе ново освежување на тв екраните во секаков поглед почнувајќи од позитивната енергија која беше неизоставна во секоја поединечна емисија, па се до љубовта кон музиката од каде започна сета наша идеја. Во текот на првата сезона точно “се опипа” пулсот на гледачите кои веднаш го препознаа квалитетот и различноста кон кои придонесоа многу нешта…искуството на водителката Анита Даева, музичките изведби во живо под будното око на познатиот Златко Миладиноски и неговиот голем оркестар, надополнети со професионалниот пристап и реализација на целиот тим од “Арт студио” – продукција кои дадоа свој придонес во поглед на сценографијата, видео изразот и светлосните ефекти. Сето тоа беше доволен мотив да се дојде и да се гостува во музичкото шоу “7/8” каде ни запеаја дури и оние кои не се занимаваат со музика, а останатите да блеснат во полн сјај со своите интерпретации…

Втората сезона ќе продолжи од таму каде застанавме, но секако со некои мали измени се со цел да се постигнат нови стандарди и височини кон патот на успехот. За почеток ќе имаме нова сценографија која е предуслов за добар и пријатен амбиент, а ќе стартува и нова рубрика во која ќе бидат вклучени и гледачите како креатори за поголема забава, смеа и опуштеност. Имено, во деновите пред снимањето на секоја нова емисија на нашата ФБ страна и Инстаграм (BalkanMusicTv), ќе бидат редовно објавувани имињата на гостите на кои ќе можат и гледачите да им постават понекое “скокотливо”, провокативно или пак невообичаено прашање или едноставно да им упатат порака. Истите, освен се разбира оние со недолична содржина, ќе бидат дирекно прочитани и поставени во самото премиерно издание на шоуто. И тоа не е се, следуваат и нови други содржини кои ќе придонесат нашето 7/8-ко шоу да биде вистинско во секоја смисла на зборот…да ве забавува, да ве насмее, да ве опушти и да ви го наполни срцето со многу добра и квалитетна музика за што всушност ние и постоиме, твориме и дишеме…

Втората сезона од музичкото шоу “7/8” ќе ја отворат нашите познати естрадни имиња Сузана Гавазова и Благоја Грујовски кои ќе го пробијат “мразот” кога станува збор за рубриката наменета за Вас драги гледачи. Веќе од денес можете слободно да ги поставите вашите интересни прашања до гостите на следните линкови…

https://www.facebook.com/balkanmusic.tv/photos/a.504668133413026/807010569845446/

https://www.instagram.com/p/CINzhJqrE1f/?fbclid=IwAR00mPpsld1hGKnRTVwFcuATagF_-RsG_TxPJLwunTouEo_KqvB0FI_Mut0

И не заборавајте, следете ја нашата програма и ќе дознаете кога повторно започнува нашата заедничка дружба…музика и смеа како еликсир за продолжен живот и вечна младост…само со “7/8”!!!