Почетна > Македонија > Отвори срце, подај рака за Гоце Талевски (група “Оскар”)…

Отвори срце, подај рака за Гоце Талевски (група “Оскар”)…

///
Comments are Off

Нашиот музички колега и пријател Гоце Талевски (група “Оскар” – Битола) се наоѓа пред својата најтешка животна битка која има надеж да ја добие ако му ја понудиме нашата рака за помош. Со тоа ќе се зголеми и вербата кај неговото семејство дека повторно ќе го имаат во своите прегратки својот сакан сопруг, татко, брат, роднина. Поради неговата сериозна здравствена состојба и настанатите компликации од Ковид – 19, Гоце мораше да биде пренесен во една приватна болница каде трошоците за лекување се многу високи. Поради сето тоа семејството на Гоце и неговите колеги од групата ги молат сите граѓани кои се во можност да донираат средства според сопствените можности за да се спаси овој млад човечки живот.

Ова е трансакциската сметка за донации:
Стопанска банка А.Д. Скопје

200002956069075
На име Љупчо Талевски (брат).

Исто така апелираат на своите битолчани и хумани луѓе во регионот, сите кои сакаат да помогнат со поставување на кутии за донации во дуќани, јавни претпријатија и секаде каде има согласност, сите кои можат да пуштат барања за донации во претпријатијата во кои работат и сите кои можат на некој начин да помогнат да го контактираат семејството на Талевски.

Однапред благодарни – семејство Талевски и група “Оскар”…