Почетна > Македонија > Боби Амадеус со хит кој ќе го освои регионот…

Боби Амадеус со хит кој ќе го освои регионот…

///
Comments are Off

Со надеж дека до почетокот на летото ќе ни се врати животот во нормала, вниманието ни го привлекуваат песни кои си ги замислуваме по ноќните клубови и дискотеки. Тоа се пред се, нумери со весел ритам, со текст кој веднаш се памти и повпевнува и едноставно асоцираат на мирисот на летото. Таков музички хит има токму Бобан Зафировски или попознат како Боби Амадеус.

Својата нумера насловена како “Случајно”, Боби ја промовираше во популарното музичко шоу “7/8”. При тоа се пофали и со позната музичка екипа од Белград со која работеше на неа…Сале Тропико (музика), Драган Брајовиќ – Браја (текст), Милан Раѓен (аранжман) и Енџи Мавриќ (микс). За тоа колку е задоволен од оваа соработка, Боби ни изјави … “Додека ја работевме песната имаше некои отстапки и кога дојдовме до тоа сите да бидеме задоволни, излезе и финалниот производ. Имав желба да гостувам во неколку емисии на “Гранд” но не успеав поради сето ова што се случи. Сакав да снимам и видео запис за песната и таму да направам промоција, но не се совпаднавме со времето на екипата што требаше да работи со мене. Се надевам дека штом малку се среди ситуацијата, ќе го изреализирам видео записот и нема да останам само со аудио. На тој начи ќе можам да и се претставам и на српската публика. За македонскиот пазар спремам и ќе отпеам нешто друго”…

Дали летото ќе биде освоено со новиот музички хит на Боби Амадеус, во следните неколку минути слушнете и пресудете и самите вие…