Каде е младоста таму е и дружбата,
каде е дружбата таму е и песната,
каде е песната таму е и љубовта…
Сето ова на едно место се сплоти и почувствува на снимањето на новиот заеднички проект на младите Димитар Митровски (хармоника) и Иван Милевски (Extreme band) заедно со пријателите. Ако се земат предвид пристапот и вложената енергија за да успее и изгледа се како што треба, тогаш можеме слободно да кажеме дека тие го најдоа рецептот за едно колажно музичко уживање. Освен Димитар и Иван во проектот зедоа учество и…Марија Митровска, Анастасиа Митровска (како гости), Сузана Гавазова и Ѓоко Јовиќ (како специјални гости) и оние кои дишат како еден и звучат како оргиналот – Димитар Настески (кларинет/саксофон), Никола Стојановски (гитара), Димитар Наумовски (тапани), Владо Димовски (бас гитара) и Иле Ивановски (кларинет). Во него се опфатени стари македонски песни, стари српски хитови и ново – компонирани песни во изведба на Сузана и Ѓоко со што ќе се задоволат сите музички вкусови и генерации. А за оние кои што музиката ја чувствуваат на поинаков начи има нешто и во инструментална изведба.
А дека поинаку ја чувствува музиката, веќе ни докажа и младиот Димитар Митровски кој зад себе има два солистички албуми (2016г. и 2020г.) и кој допрва има пред себе уште многу успешни музички километри. Во кратката изјава што ни ја даде тој, се почувствува задоволството од соработките и сработеното…”Снимањето беше одлично. Едно големо благодарам на Ѓоко Јовиќ и Сузана Гавазова за тоа што прифатија да бидат дел од овој проект, нивната подршка ми значи многу. Исто големо благодарам на сите што се дел од BalkanMusikTv која е секогаш отворена за соработка и реализација на нашите проекти”…
Екипата го сработи своето…на нивните обожаватели и нашите гледачи им останува во деновите што следат, да “го искусат вкусот” на нивните изведби и се разбира да очекуваат уште нови проекти. Затоа што “музиката што ја носиш во себе е дар за другите околу тебе”…