Почетна > Ексклузивно > Семи Џонс Алушоски со нов видео запис за песната “Роденден”…

Семи Џонс Алушоски со нов видео запис за песната “Роденден”…

///
Comments are Off

Семи Џонс Алушоски, нашиот музички пријател од Австралија, го промовираше својот нов видео запис за песната “Роденден”. Како што самиот кажа во најавата, станува збор за песна со весел ритам која веднаш со своите зборoви и мелодија веднаш “влегува во уво”. За тоа се заслужни Милица Јокановиќ Кузмановска (текст/претечки вокал) и Игор Христов (музика/аранжман) кои успеаја да ја реализираат првичната замисла на Семи. Аудиото се работеше кај нашиот познат Љупчо Соколовски (City sound), а за видео записот беше задолжен Даниел Србиновски кој успеа преку слика да ни ја пренесе атмосферата за песната.

Во краткиот разговор Семи меѓу другото ни изјави…”Среќен сум дека мојата замисла и желба за една весела и разиграна песна успешно ја реализираше целиот тим со кој работев. Голема благодарност на Милица Јокановиќ Кузмановска, Игор Христов, Љупчо Соколовски и секако на моите колеги Бабуш Бајрамов (кларинет/саксофон) и Ален Рамчевски (гитара), кои со своите инструменти дадоа придонес за комплетната изведба. Самите зборови во песната кажуваат и ја опејуваат родителската љубов која нема граници и која секогаш е инспирација за сите нас пејачите. Мислам дека оваа моја песна со ваков стил, доаѓа во вистинското време кога треба повторно полека да се вратиме на старите навики и расположенија. И секако, голема благодарност до Орхан Роки Сулејман и Даниел Данче Сулејман кои одлично се снајдоа како статисти и гости во спотот на саксофон и клавијатури. Посебна благодарност до BalkanMusicTv со чија помош овој мој музички хит, ќе може да се промовира и слушне насекаде по светот”….

Според првичните коментари на сите обожаватели на музиката на Семи Џонс Алушоски, ова е хит песна што уште долго ќе се пее на сите семејни прослави и веселби насекаде по светот. Како што би кажал и самиот Семи…”за нашиот народ македонски”. Слушнете и уживајте!!!