Кај нас се доаѓа со едно расположение, а се заминува со повесело. Кај нас се доаѓа за спонтани разговори, споделувања на случки од животот и работата, но најмногу за пеење затоа што во песната е лекот. За сето тоа најзаслужни се нашата позитивна водителка Анита Даева и нејзината “духовна поткрепа” оркестарот на Златко Миладиноски…
За оваа недела имаме една пријатна и ведра комбинација:
-Ферус Мустафов – роден во Штип, знае да свири на 13 инструменти, себеси се нарекува црно-бел човек поради облеката што ја носи, најголемиот хонорар го заработил во Франција (180 000 евра) и тие пари најмногу ги потрошил на жени без кои не може да си го замисли животот, заедно со музиката…
-Ленче и Горан Кукиќ – најпознатиот и најхаризматичниот брачно – музички пар од струмичкиот крај кој долги години успешно опстојува на македонската фолк сцена. Најчесто настапуваат со својот долгогодишен бенд “Јупитер”, направија “бум” и на српската естрада победувајќи во едно тамошно музичко шоу, горди на својот син Иван кој тргна по нивните музички стапки…
– Игор Димовски – композитор и хармоникаш кој за себе вели дека хармониката е “негова животна пасија” и истата ја пренесува и на своите ученици, со неговата “Пет ангели” го спои модерното со традиционалното, а со “Пауза за ракија” ни ги подари во една низа најпознатите македонски народни рефрени снимени во една весела и опуштена атмосфера…
Бидете со нас во недела (19:30)…за да можеме нашата позитивна енергија да ви ја пренесеме и Вам, наши ценети гледачи на BalkanMusicTv!!!