Почетна > Седум Осмини > На муабет кај Анита и “7/8” со Ненад Ѓорѓиевски, Васил Зафирчев и Ристе Гавровски…

На муабет кај Анита и “7/8” со Ненад Ѓорѓиевски, Васил Зафирчев и Ристе Гавровски…

///
Comments are Off

Тие се млади, убави (нека ми простат останатите), некои долги години успешни во тоа што го работат (другиве полека ги стигаат), со еден збор прекрасно друштво за една нова “7/8”. Заедничко за сите нив е контактот со публиката кој го имаат и кој секогаш им дава мотив повеќе за она што го работат. И можеби затоа се слушани, гледани, сакани и почитувани…

Во недела (19:30) со вас ќе бидат популарниот ТВ и радио водител Ненад Ѓорѓиевски, талентираниот актер Васил Зафирчев и популарниот вокал на “Легато бенд” од Струмица, Ристе Гавровски. Емисијата ќе ни биде исполнета со многу “зборлести” муабети за детството, за популарната “Преспав”, за музичкото шоу “Идол”, за “Танц со ѕвездите”, за мјузиклот “Тајно моја”. Главниот збор како секогаш ќе го има песната без која нашата енергија не можеме да ви ја пренесеме и Вам, драги гледачи. За таа цел имаме и специјално музичко зајакнување…хармоникашот Мишел Трајковски кој ќе ни го “распостеле” низ студиото неговиот мега хит “Tarantino Jazz”…

Се на се, ова е само мала најава за уште едно добро шоу и забава. Ние сме тука полесно да го поминете времето во овие денови кога се советува да се седи дома… и со трпение да се чекаат некои подобри времиња. А тие ќе дојдат затоа што “се што било – поминало”, па и ова.

Недела (19:30) на програмата на BalkanMusicTv – уште едно шоу за паметење!!!