Почетна > Седум Осмини > На муабет кај Анита и “7/8” со Катерина Танева, Дамјан Стојаноски и Спасен Сиљаноски…

На муабет кај Анита и “7/8” со Катерина Танева, Дамјан Стојаноски и Спасен Сиљаноски…

///
Comments are Off

Многу пати сме повториле дека во музиката е важно да има постојано млади изведувачи, кои ќе ја продолжат традицијата на македонската народна песна. За наша среќа таква генерација си имаме и тие со голема љубов и желба го оживуваат сето она што некогаш го создал народот. Отсекогаш песните биле начин да се опее и радоста, но и тагата…затоа будат посебни чувства кај слушателите, оти “извирале” дирекно од срцето….

Во новото издание на популарното шоу “7/8” со нас ќе бидат Дамјан Стојаноски и Спасен Сиљаноски кои успешно ја негуваат македонската традиционална песна со голема почит и љубов. Тоа го потврдуваат бројните нивни обожаватели низ целиот свет кои на тој начин го одржуваат својот дух и врската со своите корени. Од женските изведувачи друштвото ќе се комплетира со познатата Катерина Танева, вокалот на популарната група “Нели ти реков”. Таа ќе не потсети за своите почетоци во музиката, љубовта кон забавната песна и пропуштената шанса да биде пејачка во хрватската група “Магазин”…

Ова е нашето популарно трио за оваа недела (19:30)…ред муабет за шансите во животот, а ред музика и бројни хитови во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски. Одлична причина за едно пријатно вечерно дружење и расположение. Придружете се и овојпат на големото музичко семејство “7/8”…