Почетна > Седум Осмини > На муабет кај Анита и “7/8” Сузе Спасовска, Валентин Николовски и Игор Ангеловски

На муабет кај Анита и “7/8” Сузе Спасовска, Валентин Николовски и Игор Ангеловски

///
Comments are Off

Кога се роди идејата за нашето шоу “7/8” сакавме низ него да се дружиме со сите познати имиња не само од музичкиот живот , туку и од другите професии. Затоа што и тие имаат што да ни раскажат, да се пофалат, а богами некои од нив знаат да бидат и многу духовити. Една таква несекојдневна и шармантна комбинација ве очекува во следното неделно издание…

На муабет кај нашата Анита ни доаѓаат позната фолк пејачка Сузана Спасовска, уредникот и презентер на вестите во “ТВ Сител” Валентин Николовски и селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски. “Сузе Национале” (како што ја нарекуваат сите) освен за својата богата долгогодишна музичка кариера ќе ни ги пренесе и своите топли чувства поврзани со ќерка си Теона и зетот кои сега се нејзина главна преокупација. Како е да се биде постојано “под напон” на работното место пропратено со многу згоди и незгоди ќе ни раскаже ведриот Валентин, а потоа и ќе ни запее затоа што тој милува да го прави тоа кога ќе се расположи. А нашиот селектор со гордост ќе ни се пофали како со макотрпна работа, упорност и работа се доаѓа до саканите резултати…а можеби и до нови големи спортски резултати, времето ќе покаже. Во музичкиот дел на емисијата ќе го слушнеме младиот пејач Стефан Величковски кои неодамна на Денот на вљубените ни ја подари својата нова песна “Остани со мене”…

Значи, не чекајте другите да ви раскажуваат…Во недела (19:30) на BalkanMusicTv гледајте го премиерното издание на музичкото шоу “7/8” и едноставно уживајте…

Репризни изданија: среда (21:00), четврток (10:00), петок (02:00) и сабота (15:00)…