Почетна > Седум Осмини > На муабет кај Анита и “7/8” со Виолета Томовска, Милан Завков и Благоја Грујовски

На муабет кај Анита и “7/8” со Виолета Томовска, Милан Завков и Благоја Грујовски

///
Comments are Off

Уште една бомбастична тројка ќе угости нашата шармантна водителка Анита Даева во неделното шоу “7/8”…сите со голем музички багаж зад себе, доследни на тоа што го работат и презентираат пред публиката, долги години макотрпна работа, турнеи и давање од себеси на сметка на својот семеен живот…

На наше огромно задоволство со нас ќе биде дамата и фолк пејачка Виолета Томовска, жена што може да се рече дека неколку пати и пркосела на смртта и храбро чекори низ животот. Низ својата богата музичка кариера таа не благослови со своите многубројни песни и музички дуети од кој вреди да се спомене оној со Кирил Манчевски. Потоа познатиот хармоникаш, композитор и аранжер Милан Завков со импозантна биографија на создадени песни, ора и аранжмани, како и со долгогодишно раководење на оркестарот при ансамблот “Танец”. За двајцата може слободно да кажеме дека целиот свој живот преку песните и турнеите по светот се наши големи амбасадори на македонската традиционална и фолк песна. И на крајот шармантниот Благоја Грујовски кој отсекогаш знаел како со одбраните хитовски песни да ги погоди своите многубројни обожаватели, да не речам обожавателки…

Се надеваме дека ќе ви се допадне нашата нова музичка комбинација, личности кои имаат што да ни раскажат и со што да се пофалат, а богами и со што да не наградат кога станува збор за музичките паузи што си ги имаме низ емисијата. На вас останува да бидете трпеливи до недела (19:30) кога на фреквенцијата на BalkanMusicTv ви следува едно пријатно завршување на уште една измината недела…Не пропуштајте!!!