Почетна > Седум Осмини > На муабет кај Анита и “7/8” со Зуица Лазова, Наум Петрески и Стојне Николова

На муабет кај Анита и “7/8” со Зуица Лазова, Наум Петрески и Стојне Николова

///
Comments are Off

Новата 2020 година ја започнавме весело и со многу колажни емисии во кои сакавме повторно да ве потсетиме на сите наши досегашни музички гости и пријатели на шоуто “7/8”. А ги имаше многу, сите дојдени со позитивна енергија и распеани грла кои заедно со оркестарот на маестро Златко Миладиноски во живо ја збогатија нашата музичка програма. Поради топлиот прием кај публиката, еве сме на прагот на нови премиерни изданија кои ќе ни донесат нови сродни музички души, фолк, поп изведувачи и подржувачи и следбеници на македонската традиционална музика…

Во недела (19:30) на наше големо задоволство ќе бидеме во друштво на популарниот музичко-брачен пар Зуица Лазова – Наум Петрески и нежната,симпатична и секогаш актуелна Стојне Николова. Како е да се биде мајка, сопруга, професорка по хармоника, водителка ќе ни раскаже Зуица, секогаш ведра и насмеана. Од каде идејата за последната хит балада “Напишав песна” ќе ни открие Наум, а заедно ќе ни се пофалат како е кога ќерките ќе тргнат по истиот музички пат. Младата Стојне пак многу успешно ја стартуваше новата 2020 година и на своите обожаватели им го подари видео записот за песната “Крушево абер пристигна”. Зошто токму оваа стара македонска песна, за искуството околу снимањето на спотот и други моменти од својот живот и кариера ќе дознаеме низ разговорот кој на својствен начин ни го носи шармантната водителка Анита Даева. Се разбира, ќе имаме и многу музика зошто таа ни е движечка сила во секоја емисија…

Како специјални гости кои ќе ни го наполнат, разубават и со своите традиционални изведби ќе ја покачат температурата во студиото, ќе ги видиме и слушнеме ВИС “Аманет”. Се на се, новото издание на музичкото шоу “7/8” ќе понуди се она што сака нашата публика да го прави во недела навечер…да се расположи, да се насмее, да се релаксира и да слуша квалитетна музика…

Со еден збор, да биде среќна!!!