Почетна > Ексклузивно > Музичко шоу на Димитар Митровски и Иван Милевски со пријателите…

Музичко шоу на Димитар Митровски и Иван Милевски со пријателите…

///
Comments are Off

Инструменталната изведба насловена како “Мегданска реченица” која се појави пред извесно време како вовед на она што допрва ќе следи, е повеќе од доволна причина со големо внимание да го проследиме неделното шоу на Димитар Митровски и Иван Милевски со пријателите. Потврда за тоа се големиот број на позитивни коментари од колегите кои изјавија дека истата е музички “извезена” како по теркот на некои светски музичари. Ако по утрото се познава денот, во недела не очекува шоу кое веќе во самата најава кажува дека ќе изобилува со многу разновидна и хитовска музика.

Освен Димитар и Иван во овој музички проект учествуваат и Марија Митровска, Анастасиа Митровска (како гости), Сузана Гавазова и Ѓоко Јовиќ (како специјални гости) и оние кои дишат како еден и звучат како оргиналот – Димитар Настески (кларинет/саксофон), Никола Стојановски (гитара), Димитар Наумовски (тапани), Владо Димовски (бас гитара) и Иле Ивановски (кларинет). Нашите гледачи ќе имаат можност да уживаат во познати и сеуште популарни и слушани постари македонски и српски песни, како и новокомпонирани песни во изведба на Сузана и Ѓоко со што ќе се задоволат сите музички вкусови и генерации. А за оние кои што музиката ја чувствуваат на поинаков начин, има нешто и во инструментална форма и изведба.

Недела 19:00 часот…фреквенција на BalkanMusicTv….собрани на едно место – младост, искуство, убавина, талентираност, музика и хитови кои продолжуваат да се пеат и слушаат. И не само сега, и не само толку….во иднина уште повеќе!!!