Почетна > Ексклузивно > Вечерва стартува “Balkan party” – музички желби во живо…

Вечерва стартува “Balkan party” – музички желби во живо…

///
Comments are Off

Нашето мото дека “музиката не познава граници и сплотува” изминативе месеци полека добиваат на се поголемо значење. Во овие тешки и се понеизвесни времиња само таа знае како да не расположи и да ни ја стопли душата…и затоа со право многумина од нас својот спас и утеха понекогаш го наоѓаме токму во музиката. Од вечерва започнуваме со нашата “Balkan party” во која ќе ни гостуваат многу наши познати музички групи, изведувачи и инструменталисти. Сите тие ќе бидат овде само за Вас за да ги исполнат вашите музички желби…за љубовта, за меракот, оние од богатата ризница на македонската музика, новосоздадените и омилените кај нашата дијаспора, печалбарските песни. Освен музичките желби кој ќе можете да ни ги испратите по пат на SMS пораки, ве покануваме и дирекно да ни се јавите на нашиот телефонски број за да упатите поздрав или порака до своите блиски или до гледачите. Почнувајќи од вечерва, сакаме на овој начин по пат на музиката да бидеме СИТЕ ЗАЕДНО НА ЕДНО МЕСТО… многубројни, расположени и сплотени од сите четири страни на светот…

Од многуте музички пријатели на BalkanMusicTv вечерва ќе имате можност да се дружите и уживате со членовите нa група “Фортуна” и вокалите на Виолета Пандовска и Кико Димитриевски. Како специјална гостинка со нас ќе запее и Јуле Николовска деновиве актуелна по нејзиниот нов видео запис “Голтка љубов”, а наша домаќинка ќе биде Криси Тимовска…

Вечерва во 20:00 на фреквенцијата на BalkanMusicTv само за вас исполнување на музички желби ВО ЖИВО во емисијата “Balkan party”…Не пропуштајте!!!