Почетна > Македонија > “Етно Балкан 2” на групата “Дрим Тим” – светско, а наше…

“Етно Балкан 2” на групата “Дрим Тим” – светско, а наше…

///
Comments are Off

Уште со првите тактови од новото продолжение на “Етно Балкан 2” се разбудува љубопитноста на слушателот истото да се доживее до крај. Богатите ритмови и стилови што едноставно ќе ве прошетаат низ целата музичка приказна, за момент ќе ви дадат чувство дека станува збор за некој надворешен светски проект. Тоа одново ќе ја докаже онаа теза на критичарите дека и НИЕ овде располагаме со врвни музичари и инструменталисти. Некаде помеѓу сите тие редови од разиграни ноти ќе го препознаете она “нашето” без кое не се може ако сакате да направите проект со вакво име – “Етно Балкан 2”.

Обожавателите на групата “Дрим Тим” викендов имаа можност премиерно да го слушнат и визуелно да го надополнат ова нивно ново музичко остварување. Како што веќе беше кажано, музиката и арaнжманот се на виртуозот на хармоника Сашко Велков, а аудиото се комплетираше во “Подрумот” кај Анѓел Ќосев. Истиот се снимаше во соработка со BalkanMusicTv во амбиентот на ресторанот “Амор” во Кочани. Како гости на проектот се придружија Горан Гешовски (бас гитара), Алек Стаменковски (ритам гитара), Филип Шурбевски (конги) и Горан Илијески & Трајче Давков ( Brass sek.).

Наша препорака – пуштете и уживајте… и не само еднаш, многу пати за да го почувствувате “духот” на авторот и срцето на останатите учесници во музицирањето. После се ќе бидете нетрпеливи за ново продолжение кое не смее да ги остави слушателите на убавата музика долго време во чекање. Уживајте!!!