Почетна > Македонија > Вечер со “Класико бенд” – за сите што ја љубат музиката во живо…

Вечер со “Класико бенд” – за сите што ја љубат музиката во живо…

///
Comments are Off

Со “Класико бенд” имавме веќе можност да се дружиме во предновогодишните празнични денови во емисијата во живо “Balkan party”, каде публиката на BalkanMusicTv во голем број учествуваше со своите музички желби. Тие пак желни за контактот со своите обожаватели, до крај професионално си ја “истераа” целата вечер која беше прекратка да ги прими сите повици и пораки. Ветувањето дека повторно ќе ни гостуваат за да го продолжат уште еднаш ова музичко дружење ќе го исполнат вечерва со почеток во 20 часот.

Кавадаречкиот топол и позитивен дух ни го носат вокалите Ангела Стевковска и Чеде Спасиќ придружени од Идает Сејфулов, Драган Петков, Диме Лазов и Игор Илковски. Истите ќе се потрудат да ни ја надополнат празнината која сите ја чувствуваме со немањето семејни веселби и дружења кои секогаш се пропратени со добра музика. Вечерва ќе се пее и за љубовта, и за радоста, за нашата ни убава татковина и печалбарството. Ќе се пеат сите хитови останати од минатото, но и оние поновите кој ќе ги побара публиката.

Последниот музички проект на “Класико бенд” во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv беше одлично примен од нивните бројни фанови и нашата публика. Со истиот беа опфатени четири сплета од македонски и српски хитови за кои времето покажа дека се добро комбинирани и музички исполнети. Чеде Спасиќ и кларинистот Идает Сејфулов пак зедоа учество во второто продолжение на популарното шоу “ShowRoom” со што придонесоа и овојпат тоа да биде успешно реализирано и прифатено.

Кога си млад. полетен, свој и уште “заглавен” во музиката, тогаш сакаш да се покажеш, докажеш и имаш немирен дух кој те носи напред во животот. Бидете вечер со нас на фреквенцијата на BalkanMusicTv во 20:00 затоа што нашите музички пријатели од “Класико бенд” имаат што да ви покажат и докажат, а згора на тоа се со младешки дух. Не пропуштајте и уживајте!!!