Почетна > Ексклузивно > Елена Велевска – песни како ѓердан за душата…

Елена Велевска – песни како ѓердан за душата…

///
Comments are Off

Секој барем еднаш во животот доживеал да се најде со пријатно друштво во кафеана и тука до вас “на увце” да ви се пеат песни што дирекно ја допираат душата. Тоа се песни што сите ги знаат и со првиот такт на музиката веднаш се разлеваат од маса на маса, додека заедно со нив нежно “предат” виолината, гитарата, контрабасот, хармониката и тарабуката. Тоа се инструментите што ви се доволни за “Пилето ми пее”, “Бело лице љубам јас”, “Лажи, лажи Вере”, “Брала мома капини”, “Една мома с мајка е”, “Сношти минав покрај вази”, “По друм одам мајче” и така редум како бисери, како ѓердани. Музиката ниже тонови, гласовите нижат зборови, а впечатоците потоа засекогаш остануваат врежани во сеќавањата…за да се раскажуваат.

Нашата позната пејачка Елена Велевска своевремено почувствува потреба да им подари еден ваков микс од песни на своите обожаватели, насловен како “Ѓердан за душата”. На тој начин таа ни покажа како треба постојано да се следат сите музички вкусови на публиката , но и на своите фанови. Сега повторно во придружба на нејзините музичките пријатели група “Чардак” од Охрид и во соработка со “Арт студио” – продукција истите добија нова студиска видео обработка. Во друг амбиент навидум како ѕвездено небо, со истата расположена дружина и со елегантната Елена, само за вас драга публико ќе се разлеат уште еднаш вашите омилени рефрени, оние кои отсекогаш се пееле и се доживувале со посебна трепет и љубов…и ќе се пеат засекогаш…

Лажи, лажи Вере лажи кој ќе лажеш

само мене Вере, немој да ме лажеш….

———————————————————-

Трета болест Вере леле трета болест

трета болест Вере умирам за тебе…

Во нивни стил и со охридска нишка, и групата “Чардак” не почестија со две песни од нивниот репертоар…како да сме таму крај езерото, крај саканите, кај што сонцето најубаво заоѓа…