Почетна > Ексклузивно > Наскоро…Јордан Митев со нова видео приказна

Наскоро…Јордан Митев со нова видео приказна

///
Comments are Off

“Никогаш не сум сакал да бидам како сите”, изјави своевремено нашиот популарен фолк пејач и инструменталист Јордан Митев. И навистина не е…секогаш се труди да биде различен од останатите изведувачи, и по песните, музиката, видео спотовите или пак настапите во живо. Секоја негова нова песна со нетрпение се очекува од страна на неговите обожаватели, за повторно да се впијат зборовите и нотите кои ете тој самиот успешно си ги создава веќе со години. За него жената е секогаш вечна инспирација, за што и тој самиот ќе каже…”Фала му на бога што тоа е така”, и фала му нему што тоа успешно го прави…

За денот на жената, Јордан Митев на сите припаднички од понежниот пол им ја подари својата нова песна “Жена за 100 години”. Поради новонастанатата ситуација во земјава, истата немаше можност да се комплетира заедно со една убава видео приказна. Но, еве по неколку месеци се создадоа услови за нејзина реализација и тоа во соработка со “Арт студио” – продукција. Како што вообичаено бива, и овојпат Јордан ќе не изненади со својата замисла околу учесниците во спотот, местата и пределите на кои се снимаше, кои на наша среќа ги има во изобилство. За да го потикнеме вашето љубопитство, само ќе напоменеме дека кадрите се снимаа во околината на Скопје и Велес….и да, и овојпат љубовта и женската убавина се испреплетуваат взаемно….

Комплетното музичко и визуелно доживување следува набргу!!!