Почетна > Ексклузивно > Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд” – светот може да застане, музиката никогаш…

Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд” – светот може да застане, музиката никогаш…

///
Comments are Off

Ако се суди според тоа како ќе ти започне годината, тогаш нивната започна бомбастично и најавуваше полна агенда до крајот. Откако за Новата година “ги раздрмаа” нашите во Америка, во периодот февруари – март ги чекаше нова голема турнеја во далечна Австралија каде се секогаш омилени и добредојдени. И таа турнеја помина одлично, со бројна посетеност и атмосфера како што секогаш знаат да направат тие…Ѓоко Јовиќ и ”Енерџи бенд” кои и таму далеку преку океанот, имаат многубројни верни обожаватели. На крајот имаа и среќа, се вратија дома при своите и потоа застана се…застанаа песните, свирките, дружењата…

Како поголемиот дел од нашата музичка естрада, веднаш по првиот шок сите па и нашите “Енерџи бенд”, го искористија времето на мирување за осмислување на нови музички проекти. По поголема пауза, на една таква замисла еве и дојде време на реализација. Во несекојдневен амбиент, опкружени со музички инструменти во “Мими Музика”, Ѓоко Јовиќ и момците од “Енерџи бенд” ги снимија своите најнови кавери. Па така како што обично бидува ќе има за секого по нешто…еден македонски народен сплет, еден сплет од песни на нашиот Тоше Проески, еден српски сплет и хитови кои моментално се многу барани од публиката и секако истите изработени во нивни модерен и урбан стил. Во реализацијата на овој проект учествуваше и “Арт студио” – продукција кои ќе се потрудат потоа визуелно да ги почувствуваме сите испеани рефрени. А за наша среќа, ќе ги има многу, за сите мераци и за сите прилики…

И тука не завршува се. Сите оние кои ја следат работата на Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд”,  знаат дека тие секогаш ги слушаат нивните желби и предлози. Во тоа име, момците најавуваат уште нови проекти кои на крајот им ги даруваат на сите оние за кои постои и музиката…на публиката. Затоа што, таа пак им ја враќа енергијата на сите што се занимаваат со музика….просто како еден магичен круг…