За да дознаеме што еден бенд кој брои повеќе членови го оддржува во живот, покрај различните ставови и мислења, ние стапивме во контакт со Битолчаните од “Eкстра Бенд”.
-Да сосем е во ред да се има различни ставови, ние сме група од повеќе луѓе кој што секогаш се изјаснуваме со различни мислења, меѓутоа на крајот слогата и хармонијата која владее меѓу нас секогаш победува – велат тие за Балкан Мјузик Тв.
Како за оддржувањето на меѓусебните односи момците од “Eкстра Бенд” ни раскажаа и за нивниот однос со публиката, кој што велат, е клучен за еден настап да биде совршен.
-Ние секако целата енергија ја оставаме на бина, но интеракцијата со публиката е многу битна, како што и нивната енергија и присутност, за сето тоа да изгледа како еден успешно поминат настап- изјавија тие.
Од сите настапи и турнеи на кој што присуствувале до сега, како посебни ги издвојуваат трите заминувања во големата Америка. Овој бенд досега три години по ред, почнувајќи од 2017, па се до 2020, патува на турнеи низ Америка, за која што вели дека освен убавините, неверојатно се воодушевени и од публиката.
-Секако, ние сме многу среќни кога имаме побарувачка надвор од нашите граници, меѓутоа сепак најголемо задоволство ни претставува кога соработуваме и гостуваме во наши емисии – изјави Деан Ѓорѓиовски, пејачот од “Eкстра Бенд”.
Меѓу сите гостувања и соработки ги издвојува оние со “Aрт Студио” продукција и “Балкан Мјузик” тв, за кој што ни откри и дека следува заедничка соработка со цел бенд. Велат дека интересен факт е тоа што, без разлика што се на домашен терен, возбудата секогаш е на повисоко ниво, баш од причина што сакаат да се покажат во одлично светло пред овдешната публика.
Овде не застануваат, а за вас подготвуваат многу нови проекти, кои засега, остануваат изненадување.