Почетна > Македонија > Анета и група “Молика” на голема турнеја

Анета и група “Молика” на голема турнеја

Секоја пауза е оправдана, ако после неа се зема уште поголем замав. Вистински пример за ова се поп-фолк пејачката Анета Мицевска и група “Молика”.

Овој прекрасен состав одкако правеше пауза со турнеи речиси цели 4 години, не само што земаа замав, туку и сеуште не престануваат со нивната работа.

Најпрвин се упатија кон Австралија каде што ставија крај на паузата. Таму во повеќе од 5 градови настапуваа, пееја и ја радуваа публиката. Не застанаа тука и секако новата дестинација беше големата Америка. Да, секако дека звучи напорно, но не и за луѓе кој што својата работа ја доживуваат како љубов. Оваа турнеја започна со  новогодишната ноќ, поточно во Њу Џерси, каде што обожавателите на нивната музика имаа можност да ја започнат новата година со Анета и група “Молика”. Ова патешествие траеше се до 28 Јануари, кога нивната рута го сврте правецот кон Канада. Од Торонто па се до Хамилтон, а точно на денешен ден повторно се враќаат во Торонто за да зад себе остават една исполнета приказна. Турнејата во Канада ќе ја завршат на 18 Февруари, а останува да видиме дали ќе си дадат заслужен одмор или нивната сила е неисцрпна.

Иако не сме таму, сигурни сме дека нивната посетеност, љубовта спрема публиката и неизмерната забава е огромна.

И додека заеднички ги чекаме да се вратат, наша предлог песна за вас по повод денешниот ден е “Дари ми љубов” .

Оваа песна е напишана од Далибор Ѓошик во исполнение на Анета и групата “Молика” за чие што видео се погрижи “Aрт студио” продукција,  а ние се надеваме дека вам ќе ви го дополни празникот.