Почетна > Македонија > Оркестар ,,Корона,, – мир за уши и мелем за душа!

Оркестар ,,Корона,, – мир за уши и мелем за душа!

///
Comments are Off

За една свадба, како настан, да биде целосно совршена, меѓу сите детаљи, во побитните спаѓа и музиката. За подетално да ви го доловиме овој момент ние стапивме во контакт со “Oркестар Корона” или поточно момците кој што се познати по создавање неверојатна атмосфера на свадбите…

-Битни се луѓето, битно е расположението секако, меѓутоа ние како главни автори на забавата мораме да го дадеме својот максимум, без разлика на тоа како се одвива целата ситуација- изјавија тие за Балкан Мјузик Тв.

Зад себе имаат голема кариера и плодни соработки, не застануваат тука, а за своите настапи надвор од нашата држава велат дека во глобала поминуваат одлично и се среќни што имаат публика и надвор од границите.

Како оркестар кој што се држи до својата музика, не интересираше како го бираат репертоарот за настапите…

-За репертоарот сме задолжени строго и само ние, меѓутоа не секогаш се водиме по тоа да пееме само наши песни или песни кој што ни се спремани, луѓето сакаат кога го пееме тоа што е во тренд, а ние сме тука да им удоволиме – велат тие.

Како последно,а воедно и најбитно, меѓу репертоарот и свадбите се спомена и темата за соработки, па разговаравме на тоа, какви им се досегашните искуства.

Тие велат дека во цела една кариера можеш да наидеш на соработки кој што ќе ги паметиш долго, кој што поминуваат со леснотија, па врз таа основа и финалниот продукт излегува совршен, но и за жал соработки кој што се не така опфатени со леснотија.

Ние акцент дадовме на плодните соработки, меѓу кој се и оние со “Aрт студио” продукција. Овде “Оркестар Корона” имаат сработено неколку прекрасни дела, потенцираа дека поминале и подобро од очекуваното, а ние им посакавме уште многу плодни соработки и во иднина, како што ќе биде и проектот, кој што ќе го промовираме за кратко време.

И секако, нема да е целосно ако не кажеме, за сите љубители на оваа музика, слушајте ги и забавувајте се, не заборавајте дека добрата музика е мир за уши и мелем за душа.