Почетна > Ексклузивно > “Да си моја” на Живе Мешуревски, нова песна и видео запис…

“Да си моја” на Живе Мешуревски, нова песна и видео запис…

///
Comments are Off

Секогаш е убаво кога на музички план се случуваат нови проекти, особено пред новогодишните празници…затоа што луѓето милуваат празнувањето да го поврзат со музиката. Тогаш природно ни доаѓа да си потпевнуваме свои омилени рефрени, постари хитови или пак веднаш ги впиваме новите звуци и зборови. Такви едни нови и љубовни ни доаѓаат од младиот Живе Мешуревски.

Денес тој ја промовираше својата втора песна и видео запис насловена како “Да си моја”. На истата соработуваше со тандемот Дејан Момировски (музика и аранжман) и Борче Нечовски (текст), снимено во “XL Momirovski”. Како музичко засилување гостуваат Мишел Трајковски (хармоника) и Демир Кантуровски (труба), докажани музичари и инструменталисти. Спотот се работеше во соработка со “Арт студио” – продукција и опфаќа повеќе локации низ Скопје и Битола, како и кадри од хотелот New Star. И како да се раскаже една љубовна приказна без убаво женско лице и насмевка…во спотот учествуваше и Бубе Неткова од модното студио Models In.

“Кој си чека ќе си дочека”…младиот Живе Мешуревски својата нова песна, а македонската публика уште еден музички хит.