Почетна > Ексклузивно > Да го вратиме сјајот на македонската музика…

Да го вратиме сјајот на македонската музика…

///
Comments are Off

МУЗИКА – кои сме ние без неа, без музичките композиции и песни кои делуваат на нас како лек за продолжување на животот. Музиката е тука и кога сме радосни, тажни, сами или во друштво, во младоста, зрелоста и староста…просто низ целиот живот!!!

Водени од таа мисла и во тој дух “Арт студио” – продукција во соработка со BalkanMusicTv по успешно започнатите музички проекти, продолжуваат во истиот ритам. На големо задоволство на многубројната наша публика започнаа со снимање новите сезони на веќе омилените музички шоуа “7/8” и “На здравје”. По долгото тапкање во место и немање простор и идеи како и каде да се промовира македонската музика а со тоа и самите изведувачи, се чини дека работите тргнаа во вистинскиот правец. Популарното шоу “7/8” ја започнува својата трета сезона…ги угостивме сите наши познати музички ѕвезди, инструменталисти како и спортисти и новинари…ја промовиравме фолк, поп, традиционалната македонска музика и музичките звуци од целиот Балкан…им дадовме простор и можност за промоција на своите песни и на оние кои сега почнуваат со својата музичка кариера…воведовме содржини од забавен карактер кои публиката одлично ги прифати и се забавуваше исто како и нашите гости во студиото…и најважно од се, се пееше и свиреше во живо под будното око најнапред со оркестарот на Златко Миладиноски, а потоа со маестро Зисо Пуровски и групата “Молика”. Важно е да се напомене дека се водеше сметка на сценскиот простор и светлосните ефекти како и на квалитетот на звукот што секако ги задоволи и нашите гости и нашата ценета публика. За атмосферата што владее меѓу гостите, домаќините (Анета и група “Молика”) и онаа во домовите на гледачите голем удел има секогаш позитивната, ведра и насмеана водителка Анита Даева…што би се рекло “ептен погодено”.

Од друга страна ви го понудивме, а вие веднаш го прифативте музичкиот проект “На здравје” кој се работи во една поопуштена и добро позната средина за сите естрадни уметници, а тоа е меаната. Овој проект е замислен и широкоградно прифатен како проект во кој се пејат исклучиво македонски песни при тоа водејќи сметка да се изведуваат и што повеќе старомакедонски песни кои во меѓувреме се потзаборавени од слушателите. Тука како музичка придружба може да ги слушнеме и видиме познатите “Екстра бенд” кои заедно со гостите пејачи секогаш умеат да направат весела и опуштена атмосфера. Истата допира до гледачите особено до љубителите на македонската традиционална и фолк музика која е неисцрпна ризница од неброени музички бисери и композиции. Овде во улога на водители се наоѓаат дел од самите пејачи што секако е еден новитет во концепцијата на овој вид музички емисии.

Некако неизбежно се роди и нашата соработка на проектот “Везилка” кој се емитува на ТВ Алфа каде исто така се става најголем акцент на македонската музика. Овој проект е замислен како претставување на секој наш македонски град преку својата историја, култура, традиционалните јадења и се разбира преку музиката. Низ емисијата ве водат познатите Ирена Спировска, Адријана Алачки и Благоја Грујовски, секој мајстор за својата област и познавање. Исто како и претходните два проекти и шареноликата “Везилка” веднаш го најде патот до срцето на македонската публика.

Се на се, со овие наши музички проекти покажавме и докажавме дека има желба, начин и простор како со голема љубов и професионализам да се одработи сето она што не прави среќни, а тоа е МУЗИКАТА. Со нашата желба за создавање новитети им дадовме простор на сите наши популарни македонски пејачи ( и дебитанти), како и инструменталисти од областа на фолк и поп музиката. Тоа особено се однесува за мега популарното музичко шоу “7/8” каде секогаш се отворени вратите за презентација на секој новитет од музиката.

По барање на гледачите продолжуваме со истото темпо, жар кон работата и љубов кон музиката…најнапред кон македонската а потоа и кон мелосите на другите народи од Балканот – се до каде стигнува сигналот на BalkanMusicTv. Ако сте љубител на музиката, дружењето и забавата не ги пропуштајте новите сезони на музичко – забавните емисии “7/8”, “На здравје” и емисијата “Везилка” (ТВ Алфа). Ве очекуваат уште многу нови музички и спортски гости, гости од други професии но најважно од се…ве очекуваат безброј музички звуци и ноти кои ќе ви ја разгалат душата.

Бидете со нас и во новите сезони!!!