Почетна > Ексклузивно > Ташко Каранфиловски со најава за нов видео запис…

Ташко Каранфиловски со најава за нов видео запис…

///
Comments are Off

Има луѓе кои каде и да одат си го носат “своето” сонце со себе…затоа што се позитивни, имаат секогаш убав збор и благослов за секого, постојано се во некое друштво со широка насмевка на лицето. И уште ако се занимаваат со музика, тогаш си ја “носат” и музиката со себе па така чувството за уживање е взаемно…како на изведувачот така и на публиката. Еден од нив е и нашиот познат фолк пејач Ташко Каранфиловски кој со големо нетрпение дочека моменти за снимање на нов видео запис.

Од тандемот Борче Нечовски (текст) и Дејан Момировски (музика/аранжман) ни доаѓа песната “Голем мерак” за која деновиве Ташко реши да сними и видео запис. Во кусиот разговор со него тој ни изјави…”Песната е снимена уште пред две години, но досега сеуште немав можност да ја промовирам. Најверојатно го чекав вистинскиот момент па така лека полека си помина и времето кое никако да ни ја донесе вистинската музичка слобода. Спотот го снимав во соработка со “Арт студио” – продукција, а за амбиент го одбрав познатиот ресторант “Две лири” во Ресен. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на младите статисти од модното студио “Шанел” од Битола и “Астра бенд” од Ресен кој ме придружува на дел од моите настапи. Песната “Голем мерак” е со весел ритам, наменета е за сите генерации и мислам дека ќе биде вистинско освежување во време кога на секој од нас му недостасува слобода, дружење во кафеаните, а со тоа и музиката.”

Од сето спомнато и надоврзано со веселиот темперамент на Ташко, можеме со сигурност да очекуваме уште еден музички хит кој потоа уште долго ќе се врти по радио и ТВ станиците…за мерак на сите негови многубројни обожаватели.