Почетна > Ексклузивно > Гоце Петрески Бананата – животот полека се враќа во нормала…

Гоце Петрески Бананата – животот полека се враќа во нормала…

///
Comments are Off

…”Две солзи ми капнаа љубов моја,

кога ми рече довидување и ме остави сам”…

…се зборови на една младост, на една љубов и тага, на едно време по кое се повеќе копнеат луѓето кои уживале во песните и зборовите на нашиот Гоце Петрески Бананата. И не само оваа песна, тука се и “Не губи време по мене”, “Те сакам”, “А јас останав тебе да те чекам”, “На свадбата твоја”, “Маријана” и многу други, сите во оној незаборавен мелос од 90-те години и сите со љубовни приказни врежани и останати во многу срца. А гласот на Гоце, еден и единствен…

Веќе 26 години Гоце Петрески Бананата живее и работи во далечна Австралија. Со едно турбулентно темпо тој стигнува да ги заврши своите работни обрски, да биде со семејството, да и се посвети на музиката со создавање на нови песни и со многубројни настапи меѓу нашите иселеници. А кога е во можност, доаѓа во Македонија каде го чекаат соработки со колегите, снимања на видео записи и гостувања по радио и тв станиците. Во овие две години од пандемијата запреа гостувањата од нашите музичари кон Австралија, но и на нашите од таму кон Македонија. Конечно оваа година се очекува естрадните уметници “да влезат” во стариот ритам со музиката и да патуваат насекаде каде ќе бидат поканети. Дотогаш во краткото интервју за гледачите на BalkanMusicTv, од далечна Австралија Гоце ни раскажа накратко за неговиот живот во изминатиов период, но и за плановите во однос на музиката кои ги има зацртано во блиска иднина. Истото можете да го погледнете во продолжение…