Почетна > Ексклузивно > Елена Јовческа повторно “оживеа” хит песна од Драган Вучиќ…

Елена Јовческа повторно “оживеа” хит песна од Драган Вучиќ…

///
Comments are Off

Oргинална, забележителна и единствена (кога се во прашање гајдата и зурлата)…се дел од епитетите што ја красат нашата Елена Јовческа која продолжува и понатаму со својата оргиналност. На пријатно изненадување на публиката и нејзините обожаватели, по нумерата “Ќе те ќарам” таа се реши на уште една кавер преработка од незаборавниот Драган Вучиќ. Станува збор за мега хитот “Твоите очи шараат” (1995 год.) кој овој пат доби малку поинаков музички звук и модерен стил на изведба, онака по мерка на самата Елена. За видеото таа соработуваше со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv кои се потрудија да ја реализираат нејзината замисла и желба.

Во краткиот разговор со нас, Елена ни се пофали со нејзините планови за блиска иднина…”Полека се враќаме на стариот музички ритам и полна сум со енергија. По успешниот настап во Канели, Италија кој се случи на крајот на месец февруари, ми претстојат нови дружења со музиката и нашите иселеници во Швајцарија и Германија. Првиот ќе се случува на 12 март заедно со мојата драга колешка Сања Ристеска, а вториот на 26 март во Штутгарт. Потоа се надевам дека ќе најдам време и простор за уште една моја музичка замисла, а тоа е Велигденско шоу. Сакам нашата публика за време на најголемиот христијански празник да се опушти и да ужива во убавата македонска песна. И тоа не е се, повторно подготвувам нова песна за да ја искористам инспирацијата во мене”…

Елена спремна, публиката и обожавателите спремни…наскоро новиот видео запис за песната “Твоите очи шараат”!!!