Почетна > Ексклузивно > “Ој туѓино пуста” – нов видео запис на Саит Идоли и Велин Вики…

“Ој туѓино пуста” – нов видео запис на Саит Идоли и Велин Вики…

///
Comments are Off

Велат дека најубавите песни доаѓаат од душата на самиот автор. Затоа неговите песни се секогаш полни со емоции било да се љубовни или пак печалбарски. Таква е и неговата нова песна која по тежината, изведбата и пораката што ја носи во себе можеби има шанса да ја достигне незаборавната “Печалбарска”.

Песната “Ој туѓино пуста” Саит Идоли овој пат реши да ја сними во соработка со неговиот музички пријател Велин Вики кој живее во Германија. Токму таму е снимено и аудиото за песната чиј комплетен автор е самиот Саит. Видео спотот пак е снимен во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv со кои Саит е задоволен од досегашната соработка. Делот од спотот со него е снимен кај Марков манастир и село “Соње”, а делот кај што пее Велин е снимен во градот Липштат – Германија. Се на се, убаво реализирана соработка меѓу двајцата музичари кои ни го носат можеби новиот печалбарски хит, за некого “најтешките” песни за слушање и доживување.

За своите обожаватели Саит Идоли подготвува нова песна за која вели дека ќе биде различна по идеја, соработка со други колеги и изведба. Но, за тоа потоа…