Почетна > Македонија > Последен поздрав до Ице Атанасовски…

Последен поздрав до Ице Атанасовски…

///
Comments are Off

Кога од овој свет ќе си замине талентиран инструменталист кој целиот свој живот го посветил на музиката и на радоста што ја дели преку неа, дел од себе губи семејството, губат пријателите и музиката. И секој инструмент што останува недопрен и засекогаш во мирување е голема загуба за ова мало парче земја на талентирани музички уметници…како Ице Атанасовски со неговиот саксофон.

BalkanMusicTv имаше чест и задоволство да соработува со овој наш познат музичар во дел од нашите музички проекти. Споменот од тие соработки и дружења ќе остане длабоко врежан во нашата меморија и срцата. Вечна благодарност за музиката, заедничките моменти и звукот на саксофонот на прерано починатиот Ице Атанасовски.

Почивај во мир…