Почетна > Ексклузивно > “Адреналин бенд” – за едно поинакво расположение…

“Адреналин бенд” – за едно поинакво расположение…

///
Comments are Off

Со цел да се одржи музичкото внимание на публиката, треба постојано да се промовира нешто ново…нови проекти со кои ќе се покаже дека неуморно се работи. А кога станува збор за музиката тука инспирацијата е секогаш голема и неисцрпна, но и самите обожаватели ти го диктираат тоа што сакаат да го слушнат. Па така момците од “Адреналин бенд” за момент решија да здивнат од постојаните настапи, семејни веселби и најдоа време да снимат нови кавери, онака по свој мерак. За новиот проект побаравме мислење од самите нив: “Ова е наш најнов и според нас најквалитетен до сега од сите наши претходни музички проекти, одработен 100% во живо во соработка со Љупчо Павловски – студио “Анастасија” и видео продукција – “АРТ студио”. Стилски најблиску до сите музички жанрови со цел и намера да се задоволат сите вкусови…и не само тоа, не застануваме тука и како продолжение на сето претходно во подготовки е веќе нашиот следен “мега” музички проект кој ќе чини многу скапо и ќе одземе време повеќе од досега вообичаеното. Но со голема веројатност ќе го носи епитетот за “НАЈГОЛЕМ МУЗИЧКИ ПРОЕКТ” на ниво на цела Македонија кој ќе содржи многу музика, забава и се она што ќе придонесе да нашата ценета публика биде навистина уважена и почестена со екстремно и врвно квалитетна музика во вистинска смисла на зборот”…

И затоа чекор по чекор…промоцијата на каверите нашата публика ќе може да ја види на фреквенцијата на BalkanMusicTv, која секој ден добива се повеќе нови музички пријатели. Затоа што “ музиката зближува, релаксира и праќа пораки на љубов и среќа”…