Почетна > Македонија > Македонско село во боите на песната – Со „На Здравје“ започна новата петта сезона, македонската песна повторно во центарот на вниманието (Фото)

Македонско село во боите на песната – Со „На Здравје“ започна новата петта сезона, македонската песна повторно во центарот на вниманието (Фото)

///
Comments are Off

На 5-ти октомври, недела, на единствената и најгледана музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик телевизија премиерно се емитуваше првата епизода од новата, петта сезона на најгледаниот музички серијал – „На Здравје“. Снимањата се одржаа во автентичниот амбиент на комплексот „Македонско село“, кој совршено ја надополни убавината на македонската песна.

Епизодата свечено ја отворија Група Круна со изведбата на „Ох овчарче“, а официјалниот старт на шоуто, како и секогаш, го означи добро препознатливиот водител Орде Неделковски.

Честа да ја испее првата песна во новата сезона ја имаше фолк пејачот Борче Наумовски – Министерот, кој ја изведе легендарната „Тргнало ми лудо младо“. Во продолжение настапи Андријана Ацевска (Андријана Кеш) со емотивната „Свири ми брате цигане“, а Група Круна повторно блесна со „Ај засвирете ми чалгии“.

Особено внимание привлече разговорот на Орде Неделковски со фронтменот на Модерато Бенд, Дане, кој ја промовираше новата авторска песна со наслов „Слуга“, за која беше снимен и видеоспот во продукција на најдобрите – Арт Студио продукција.

„Најново од нас е што имаме нова авторска песна. Песната се вика „Слуга“, инаку композитор на таа песна нашиот колега Тодор Ушитков – музика, текст и аранжман, видеоспотот го снимавме со најдобрите во Македонија Арт Студио. Се помина во најдобар ред и имаме доста добар фидбек од сето тоа”, изјави фронтменот на Модерато Бенд, Дане.

Тие исто така најавија голема турнеја во Америка за време на новогодишните празници. На сцената ја изведоа токму оваа нивна нова песна, придружена со многу позитивна енергија.

Програмата продолжи со низа безвременски хитови: Марјан Коцев ја исполни „Сите пејат а јас тагувам“, Кристина и Слободан Трајкови го отпеаја дуетот „Три години стана“, Сандра Милковска ја развесели публиката со „Мајсторе, мајсторе“, Орде Неделковски и Сузана Гавазова во дует ја исполнија „Ој ти моме лудо ли си“, Филип Стојковски ја отпеа емотивната „Сине мој“ во чест на легендата Пепи Бафтировски, Татјана Лазаревска ја изведе разиграната „Може ли без народно“, додека пак, Сузана Гавазова ја затвори вечерта со популарната „Ѓерданот ми тропна“.

Група Круна, како главни музички придружувачи, стоеја зад секој настап и уште еднаш ја потврдија својата маестралност во живата изведба.

И со оваа епизода, „На Здравје“ уште еднаш покажавме зошто е најгледаниот музички серијал во Македонија – спој на најдобрите македонски пејачи, безвременски хитови и позитивна енергија која ги поврзува генерациите.

До следната епизода на „На Здравје“ – нека е на здравје!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Голем успех за Македонија – Д-р Јове Кекеновски ќе ја претставува Македонија на Светскиот трофеј за хармоника во Франција (Фото)
Есенска хармонија, добра македонска музика и искрени наздравици – нова епизода на „На здравје“ во недела само на Балкан Мјузик (Видео)
Ексклузивно: „Анета Бенд“ премиерно во најновата епизода од музичкиот серијал „На Здравје“ само на најгледаната Балкан Мјузик телевизија (Фото)
Почина Халид Бешлиќ – легенда на народната музика