Почетна > Балкан > Валентин Античевиќ со нова емотивна приказна: „Склониште од туге“ – химна за сите што љубеле искрено (Видео)

Валентин Античевиќ со нова емотивна приказна: „Склониште од туге“ – химна за сите што љубеле искрено (Видео)

///
Comments are Off

Младиот и талентиран музичар Валентин Античевиќ, кој со својот деби-сингл „Животот ме казни“ ја освои публиката со искрената исповед за личната битка со болест, повторно се враќа – овојпат посилен, поисполнет и уште подлабоко емоционален. Неговиот втор сингл, „Склониште од туге“, е нова радиофонична поп-балада која совршено го отсликува неговиот автентичен стил и зрелост како артист.

Во оваа песна, Валентин зборува за болката од измама и невозвратена љубов – искуство кое, на еден или друг начин, речиси сите сме го доживеале. Со текст полн со емоции и реалност, тој ја раскажува приказната за оние кои љубеле искрено, верувале безрезервно и – останале сами, со прашањето: „Боже, кого љубев?“

„Понекогаш мислиме дека градиме љубов, а всушност само лечиме туѓи рани“, искрено изјавува Валентин. „И дури кога ќе бидеме оставени, сфаќаме колку сме дале за некој што никогаш не нè сакал целосно“, додава тој.

Музички, „Склониште од туге“ носи препознатлива продукциска свежина и емотивна длабочина. Зад песната стои реномираниот Hit Factory, а продукцијата и аранжманот се дело на младиот и веќе препознатлив Иван Зечиќ, кој со својот современ пристап создава атмосфера што ја поддржува секоја емоција што Валентин ја испраќа преку својот вокал.

Песната е достапна на сите стриминг платформи, а видеоспотот, кој визуелно ја надополнува темата за предавството и љубовната осаменост, може да се погледне на официјалниот YouTube канал на артистот.

Може да ви се допаѓа и
На 19 јули во Охрид: Најдоброто од Игор Џамбазов на голем концерт на „Антички театар“ (Фото)
Заврши големата и успешна Австралиска турнеја на Борче Наумовски (Министерот за естрада) и неговите музички соработници (Фото)
И оваа вечер нека биде „На Здравје“ – Вечер исполнета со музика, емоции и искрени моменти (Видео)
Успешно одржано првото издание на „Фолк Фест Владимирово“ (Фото)