Почетна > Арт Студио Продукција > Татјана Стефановска наскоро со нов видеоспот: „Песна е чарето“ снимен на најубавите локации во Охрид (Фото)

Татјана Стефановска наскоро со нов видеоспот: „Песна е чарето“ снимен на најубавите локации во Охрид (Фото)

///
Comments are Off

Познатата македонска фолк пејачка Татјана Стефановска, во соработка со Арт Студио продукција и музичката телевизија Балкан Мјузик, го финализираше видеоспотот за песната „Песна е чарето“, која првично беше претставена на минатогодишното издание на „Прилеп Фолк Фест“.

Музиката за оваа композиција ја потпишува Дејан Момировски, додека за лириката се погрижи веќе докажаниот текстописец Борче Нечовски. Како што изјавува Стефановска, песната и видеото доаѓаат во вистински момент:

„Оваа песна има ведрина, има ритам, има дух. Сакавме да почекаме погоден миг за да снимиме визуелно парче што ќе ѝ одговара на енергијата на композицијата. Спонтаниот тек на настаните некако ни донесе се што ни требаше“, вели пејачката Стефановска.

Видеоспотот се снимаше на неколку специфични и инспиративни локации во Охрид – тесните улички во стариот дел на градот, крајбрежјето во центарот со играорците од КУД „Филиграни“, како и магичното зајдисонце над Канео, на една висока карпа. Пејачката открива дека музиката првично била наменета за друга изведувачка.

„Авторот ја имаше музиката подготвена за друга колешка, но штом ја отпеав, веднаш почувствувавме дека тоа е тоа – природно се вклопи со мојот глас“, открива таа.

Стефановска не го крие задоволството од соработката со долгогодишните соработници:

„Работиме заедно од самиот почеток. Музиката, текстот, снимањето – сè си знаеме однапред. Професионалци се и не запираат додека не го уловат секој убав кадар, дури и кога ние веќе сметаме дека е завршено“, задоволно открива Стефановска.

Периодов, Стефановска е ангажирана со бројни летни настапи, мини-концерти, патувања низ Македонија, но и со заслужени моменти на одмор во Охрид и соседството, со нејзината малечка ќерка Ана.

Иако допрва ќе го промовира најновиот видеоспот, пејачката веќе има нова подготвена песна која ќе ја претстави наскоро со видеоспот и истовремено најавува настап на домашен музички фестивал. Дополнително, таа ќе биде присутна и во неколку ТВ емисии, а викендите се, како што вели, „стандардно исполнети со семејни прослави, веселби и музика со душа“.

Со видеото за „Песна е чарето“, Стефановска ја потврдува својата позиција како водечка фолк дама на македонската сцена, а љубителите на народната музика можат да очекуваат уште многу емоции, убавини и музички изненадувања во периодот што следи.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Македонската традиција во полн сјај: И оваа недела „На Здравје“ продолжува да ја раскажува музичката приказна (Видео)
„Уникат Бенд“ со рекордна сезона: концерти, соработки и настапи од Македонија до Германија (Фото)
Нов промотивен бум на Христина Илиоска: Mashup од 9 песни, топ продукција и новогодишна турнеја во САД (Фото)
„Бендот на Браќа Нуне“ со нов музички проект: 40 минути македонски свадбени хитови во модерен аранжман (Фото)