Почетна > Арт Студио Продукција > Стојне Николова со нова емотивна балада: „Душа скршена“ – песна што допира до срцето (Фото)

Стојне Николова со нова емотивна балада: „Душа скршена“ – песна што допира до срцето (Фото)

///
Comments are Off

Македонската фолк пејачка Стојне Николова повторно ја изненадува својата публика со сосема нов музички проект. Станува збор за најновата песна насловена „Душа скршена“, која веќе предизвикува љубопитност и голем интерес кај љубителите на македонска фолк и балканска музика.

За музиката и аранжманот се погрижи ценетиот музички уметник Бобан Мојсовски, а текстот го потпишува Борче Нечовски, име кое со години е меѓу најкреативните текстописци на домашната сцена. Снимањето е реализирано во ХХЛ – Студио Момировски, што дополнително ја потврдува силната продукциска поставка зад проектот.

„Песната е искрена, вистинска и многу емотивна. Верувам дека ќе допре до секој што ќе ја слушне“, открива Стојне за „Балкан Мјузик“.

За визуелната страна Стојне го довери проектот на Арт Студио продукција, која важи за една од најактивните и најквалитетните кај нас. Видеото е снимено со современа техника, а како што открива пејачката, екипата создала визуелна приказна во која доминира силната емоција.

„Не сакам многу да откривам. Сакам гледачите сами да ја доживеат приказната, секој на свој начин“, кратко коментира таа. Проектот се наоѓа во финална фаза и се очекува многу скоро да биде пуштен во етер и на музичките платформи.

Паралелно со снимањето на новиот сингл, Стојне активно работи со својот Динамик Бенд, со кој има бројни настапи низ Македонија и Европа.

„Се случуваат многу убави работи и навистина работиме со полна брзина на неколку различни проекти. Секојдневно снимаме и подготвуваме нови изненадувања за публиката“, додава Стојне.

Пејачката веќе го потврди и својот голем новогодишен настап: Стојне Николова и Динамик Бенд ќе ја дочекаат 2026 година во Ресторан „Амор“ во Кочани. Организаторите најавуваат вистински музички спектакл и незаборавна вечер.

А во меѓувреме, публиката со нетрпение го очекува официјалното објавување на баладата „Душа скршена“, за која веќе кружат коментари дека ќе биде една од најслушаните во наредниот период. Со силен вокал, проверен авторски тим и професионален видеоспот, проектот ветува вистински хит.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Анета Љумаковска и „Анета Бенд“: Година исполнета со нови проекти, премиери и музичка магија (Фото)
Познатиот македонски фолк пејач Орде Неделковски со нова песна: „Жено неверна“ – современ звук со силна емоција (Фото)
Нова патриотска ера: Лени Партикова го промовираше видеоспотот за моќната и емотивна „Горда сум Македонка“ (Фото+Видео)
Белград ќе „гори“ по македонски: Фантастик Бенд МК со незаборавна музичка, емотивна и спектакуларна вечер во Домот на војската (Фото)