Модерато е млад, но веќе етаблиран бенд во Србија кој постои веќе три години и постојано го проширува својот репертоар, досег и професионализам. Нивниот музички стил е разновиден и привлечен за широката публика – од модерна и комерцијална фолк музика, преку традиционалната народна музика, па сè до поп-рок класици и најголемите хитови од Ex Yu сцената.
Членовите на бендот се веќе добро познати на музичката сцена, а нивниот фронтмен со Balkan Music TV започнал соработка уште пред повеќе од шест години, додека бил дел од Baltic Bend. Оваа соработка успешно продолжува и денес, од јуни 2025 година, но сега преку Модерато Бенд.
Особено заслужен за продолжувањето на оваа убава приказна е саксофонистот и основач на Diplomatik Band – Петар Тодоровски од Скопје, кој е долгогодишен пријател и соработник на бендот. Тој не само што е чест гостин на нивните настапи, туку и активно придонесува во промоцијата на македонскиот народен мелос низ Србија, Црна Гора и Бугарија.
Во последната соработка со Balkan Music TV, Модерато Бенд сними девет популарни фолк и народни песни, меѓу кои:
- „Носталгија“ – Слаѓа Алегро
- „Три у једној“ – Маринко Роквиќ
- „Колико плаво небо је“ – Шериф Коњевиќ
- „Не не живим сама“ – Ана Бекута
Станува збор за песни кои се актуелни и барани на веселби, свадби и клупски настапи, особено во Ниш и ширум Србија. Каверите се снимени во кратка, динамична форма (интро, строфа и рефрен), што ги прави идеални за споделување и промоција на социјалните мрежи.
Иако засега немаат свои авторски песни, Модерато Бенд веќе е во сериозни подготовки. Во тек е соработка со неколку искусни продуценти и текстописци, а првата авторска песна се очекува на почетокот на 2026 година.

По снимањето со најдобрите во Македонија – Арт Студио продукција и нивното професионалното студио во Скопје, членовите на бендот имаат само пофални зборови:
„Односот кон нас е навистина неверојатен. Од флексибилното студио што се прилагодува според потребите на бендот, до подвижните камери, LED екраните, шминката, фотографијата, техничкиот тим – сè беше на највисоко ниво. Целото искуство беше врвно!“, изјавуваат од бендот.
Сценографијата, комуникацијата со тимот и атмосферата во студиото ја доловуваат вистинската енергија на Модерато, и токму поради тоа, планираат уште неколку кавери да бидат снимени со истата екипа во зимскиот период – додека не се подготви првата авторска песна.
Бендот редовно настапува низ цела Србија, како и во Бугарија и Црна Гора. Главно се ангажирани на веселби и приватни настани, но често може да се слушнат и во клубови каде живата музика е на цена.
„Нашите настапи се суштината на нашата работа, а новите песни се обврска која со задоволство ја исполнуваме за сите наши фанови и поддржувачи“, велат од бендот.
Во однос на македонската сцена, Модерато Бенд е отворен за покани – како гости на фестивали, телевизиски емисии или настани каде би можеле да ја претстават својата работа и да ја доближат балканската фолк енергија и до македонската публика.
Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ