Почетна > Ексклузивно > “ShowRoom 3” – млади грла во добро познатиот амбиент…

“ShowRoom 3” – млади грла во добро познатиот амбиент…

///
Comments are Off

Ако првиот “ShowRoom” го започнаа поискусните наши фолк изведувачи, а вториот го продолжија помладите, еве уште една млада музичка сила која ќе запее во добро познатиот студиски амбиент. Можеби е до оркестарот, можеби е до атмосферата или пак енергијата што постои меѓу целата екипа, но секое ново издание на ова наше шоу се очекува секогаш со големо нетрпение од страна на публиката. А таа знае што може да очекува, музички хитови преку кои ќе се потсети на убавите стари времиња и кои беа најмногу застапени до сега…и по некој нов хит што си го потпевнувате кога сте во добро друштво и во добро расположение.

Како ќе биде сега…екипата на музичарите повторно ја предводи Мишел Трајковски (хармоника) заедно со Идает Сејфулов (кларинет), Антонио Тимчевски (клавијатури), Дејвид Демир (гитара), Горан Гешовски (бас гитара), Далибор Ефтимовски (ударни инструменти), Иван Трајковски (виолина) и Кристијан Милошевски (тарабука). Во пејачкиот дел ќе ги видиме и слушнеме искусниот Спасе Антевски и неговата гостинка од Бугарија – Марија Донова, фамилијарното трио од Штип Елена Наумова, Ивана Наумова и Петар Наумов, потоа Даниел Коцалев, Христина Илиоска, Мартин Станковски и нашиот пратечки вокал Драгана Јорданова која е дел од екипата уште од самиот почеток и веќе ги собра бројните симпатии. Знаејќи дека BalkanMusicTv има многубројна публика во регионот, во ова издание на “ShowRoom” ќе се пејат старо – нови српски хитови кои секако се популарни и по нашите семејни веселби, клубови и кафеани.

BalkanMusicTv во соработка со “Арт студио” – продукција го заврши снимањето на “ShowRoom 3” во истата таа добра атмосфера која секогаш го прати секој наш нов проект. Во очекување на премиерата, ви нудиме исполнети музички денови со музика за сите вкусови и сите генерации…затоа што каде е добрата музика, таму е BalkanMusicTv!!!