Почетна > Арт Студио Продукција > Промоција на новите кавери на Група Соната и Кате Брезева (Фото+Видео)

Промоција на новите кавери на Група Соната и Кате Брезева (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Македонската група Соната, заедно со актуелната и единствена Кате Брезева, го претставија својот најнов музички проект – сплет од кавери на познати македонски и светски хитови. Овој проект е реализиран во соработка со Арт Студио продукција, која се погрижи за снимањето, пост-продукцијата и визуелниот изглед на видеата.

Како што претходно изјавија за Балкан Мјузик, идејата за снимање на овој вид кавери доаѓа токму од вокалот на групата – Кате, се со цел да се следат најновите трендови во музичката индустрија.

„Публиката сè повеќе бара забавна музика, а ние сме подготвени да ја пренесеме таа енергија!“, истакнаа од Соната.

Аудио-снимањето на овој проект е реализирано во студиото на Цане Петров, кој воедно се појавува и како специјален гостин. Со ова, Соната и Кате Брезева уште еднаш докажуваат дека се во чекор со модерните музички текови, носејќи свежина и енергија на сцената.

Во продолжение, погледнете го сплетот од хитови и уживајте во новиот музички правец на Соната!

Може да ви се допаѓа и
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“
Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)