Почетна > Балкан > Песна што боли: Цетински ја посвети „Пиши пропало“ на децата кои страдаат во тишина (Видео)

Песна што боли: Цетински ја посвети „Пиши пропало“ на децата кои страдаат во тишина (Видео)

///
Comments are Off

Хрватската поп-ѕвезда Тони Цетински ја објави својата најнова песна со наслов „Пиши пропало“, емотивна балада што веќе на прво слушање допира до срцето. Музиката и текстот се дело на композиторот Анте Пекотиќ, а песната претставува интимна и длабоко лична приказна која Цетински ја пренесува со особена искреност и интерпретативна сила.

Морам да признаам дека имав тешка задача во оваа песна, бидејќи не само што Анте напиша нешто многу искрено, интимно и силно – што воопшто не е лесно за изразување – туку и јас самиот поминав низ истото. Му благодарам за довербата, бидејќи не секој има храброст да сподели вакви емоции пред луѓето“, изјави Цетински.

Особено значајна е и пораката што стои зад песната – таа е посветена на децата на разведени родители, кои честопати остануваат незабележани во болката што разводите ја носат.

Многу луѓе, некаде таму, можат да се идентификуваат со она што го претставува ‘Пиши пропало’. Се согласивме да им ја посветиме оваа песна ним, како и на сите деца кои страдаат поради разделбата на нивните родители. Би сакале да не биде така, и љубовта кон децата секогаш да биде на прво место“, додаде Тони.

Со оваа песна, Цетински уште еднаш покажува дека не бега од тешки теми и дека преку музиката умее да испрати силна и општествено важна порака. „Пиши пропало“ не е само уште една песна во неговиот богат репертоар – таа е сведоштво за животот, болката и надежта.

Може да ви се допаѓа и
Татијана Стефановска промовираше нов видеоспот – „Песна е чарето“ доби вистински визуелен сјај (Видео)
Соработката со Balkan Music TV и Арт Студио продукција позитивно искуство за Модерато Бенд од Србија (Фото)
Анета Љумаковска со нова музичка приказна сними нов видеоспот на море – наскоро премиера! (Фото)
Вечер исполнета со македонски бисери – Не пропуштајте ја најновата епизода на “На Здравје” и оваа недела во 20 часот на Балкан Мјузик (Видео)