Фолк пејачката Христина Илиоска повторно го привлече вниманието на музичката јавност, овој пат со нов mashup од девет српски хитови, кој во рекордно време почна да собира позитивни коментари на социјалните мрежи.
Како што открива за Балкан Мјузик телевизија, идејата за овој проект произлегла од желбата конечно да има професионално видео во кое изведува популарни српски песни, бидејќи досега немала вакви снимки. Истовремено, mashup-от претставува и стратегиски промотивен материјал, кој ќе ја доближи до публиката што ја следи регионалната музичка сцена.

Во миксот се вклучени неколку големи хитови, меѓу кои:
- „За нас касно је“ – Александра Пријовиќ
- „Луда за тобом“ – Лепа Брена
- „Бела Циганка“ – Стоја
- „Плачи земјо“ – Драгана Мирковиќ
- „Ти си мој грех“ – Лепа Брена… како и уште неколку добро познати на македонската публика.
Аудио-снимањето е реализирано во студиото „МТ“ во Прилеп, кај реномираниот продуцент Мендо Ташкоски, додека визуелниот дел и овој пат ѝ беше доверен на професионалците од Арт Студио продукција, под режија на Дејан Горгиев. Резултатот е висококвалитетно видео кое совршено ја прикажува енергијата и стилот на Илиоска.
Пејачката открива дека по српскиот, веќе работи и на македонски mashup составен од рефрени на неколку добро познати домашни хитови.


Покрај студиските активности, Илиоска ја очекува интензивен предновогодишен период со настапи надвор од земјата. На 26 декември ќе настапи со Елвис Мешиновиќ во Des Moines, а ден подоцна, на 27 декември, ја очекува концерт во St. Louis. Новогодишната ноќ, пак, ќе ја дочека во Ресторан „Милано“ во Utica, New York, каде што веќе е најавен целосно распродаден дочек.

Со новиот mashup, моќна видео продукција и претстојната турнеја во САД, Христина Илиоска ја заокружува 2025 година со силен професионален подем, најавувајќи уште поамбициозни музички чекори во 2026.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски






