Почетна > Македонија > Nick Cave и Colin Greenwood во Скопје – незаборавна музичка ноќ под отворено небо

Nick Cave и Colin Greenwood во Скопје – незаборавна музичка ноќ под отворено небо

///
Comments are Off

Скопје ќе биде домаќин на едно од најзначајните музички случувања на годината – легендарниот Nick Cave, во придружба на Colin Greenwood од Radiohead, доаѓа во Македонија во рамките на својата ексклузивна “Nick Cave Solo” турнеја. Овој спектакуларен концерт ќе се одржи на 22 август 2025 година, на Стадионот на АРМ, под ѕвезденото небо, со почеток во 20:00 часот.

Како што соопштува Авалон Продукција, ова ќе биде најочекуваниот музички настан во Македонија, носејќи со себе неповторлива можност да се доживее Cave во неговата најавтентична, најинтимна и најемотивна форма. Ова не е само концерт – ова е уметничко доживување, вечност во еден миг, спој на поезија, емоција и музика што остава неизбришлив траг.

Nick Cave е познат по својата моќ да ја „зграпчи“ публиката, да ја вовлече во свет полн со интимни исповеди, болка, љубов и мистичност. Неговата соработка со Colin Greenwood – член на една од најреволуционерните групи на нашето време, Radiohead – само ја продлабочува магијата на оваа турнеја. Магазинот Beat веќе ги нарече овие настапи „повеќе од концерт – духовно искуство што остава неизбришлив впечаток“.

Влезниците за овој ексклузивен концерт се пуштени во продажба од среда, 2 април, онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ цела Македонија. Деталите за категориите и цените ќе бидат објавени наскоро на официјалните платформи на Авалон.

Македонијо, ова е концерт што се случува еднаш во животот. Подгответе се за ноќ исполнета со магија, поезија и музичка бесмртност – Nick Cave и Colin Greenwood пристигнуваат во Скопје!

Може да ви се допаѓа и
Македонската традиција во полн сјај: И оваа недела „На Здравје“ продолжува да ја раскажува музичката приказна (Видео)
„Уникат Бенд“ со рекордна сезона: концерти, соработки и настапи од Македонија до Германија (Фото)
Нов промотивен бум на Христина Илиоска: Mashup од 9 песни, топ продукција и новогодишна турнеја во САД (Фото)
„Бендот на Браќа Нуне“ со нов музички проект: 40 минути македонски свадбени хитови во модерен аранжман (Фото)