Почетна > Македонија > „Минус и плус“ – Лозано и 2Bona направија вистинска музичка равенка за хит (Видео)

„Минус и плус“ – Лозано и 2Bona направија вистинска музичка равенка за хит (Видео)

///
Comments are Off

На само дваесетина дена после концертот за кој сè уште се зборува низ Скопје и Македонија, Влатко Лозаноски – Лозано повторно ја погоди публиката право со силна емоција… ама овој пат и во ритам.

Новата песна „Минус и плус“, во соработка со 2Bona, веќе кружи низ етерот и полека, ама сигурно, се лепи за уво. Комбинацијата е интересна – препознатливиот вокал на Лозано, споен со модерниот урбан звук на 2Bona, создава микс што звучи свежо, но и познато на најдобар можен начин.

„Во етер е новата песна… Уживајте“, порача Лозано кратко и скромно на социјалните мрежи – ама публиката веќе си го кажа своето: ова ќе се врти.

Зад песната стои проверената екипа – Лазар Цветкоски, кој заедно со 2Bona го обликува музичкиот дел, додека текстот е дело на Магдалена Цветкоска Ена. Тим што очигледно знае како да направи баланс меѓу „минус“ и „плус“.

И ако концертот беше доказ дека Лозано е еден од најсилните вокали кај нас, „Минус и плус“ покажува дека знае точно каде оди – напред, и тоа со стил.

Слушај, пушти на repeat и кажи: Дали ова ти е новиот омилен хит?

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
По 14 години, Марјан Коцев конечно собра сила да ја раскаже најличната музичка приказна (Фото)
Игор Андреевски со емотивна музичка приказна: „Дај ми рака татко“ ќе допре до срцето на секој слушател (Фото)
Спуштена завесата на „Охрид Фест 2026“ – познати победниците на Фолк и Интернационалната поп вечер (Фото)
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)