Гушнати во прегратките на Водно и во волшебниот амбиент на старата македонска архитектура, која плени со својата автентичност и вечна убавина, ја започнуваме петтата сезона на најгледаната музичка емисија во Македонија – „На Здравје“.
Омилената телевизиска музичка приказна, која со години го освојува срцето на публиката, оваа сезона подготви нови изненадувања, богата музичка програма и неповторливи моменти со нашите најпознати фолк изведувачи.
Во секоја епизода, гледачите ќе имаат можност да уживаат во добро познатите македонски песни, но и да откријат нови музички бисери, отпеани од талентирани пејачи од македонската музичка сцена. Емисијата останува доследна на својата мисија – зачувување и негување на традиционалната македонска песна и култура, пренесена низ екранот во домот на секој љубител на музиката.
Покрај тоа што носи забава и емоција, „На Здравје“ претставува вистинска музичка архива – сцена на која се спојуваат традицијата и современото време. Тука старите и новите генерации се среќаваат на едно место, оставајќи трага преку песната и пренесувајќи ја љубовта кон македонската фолк музика. Секоја епизода е празник на звукот и душата, каде што минатото и сегашноста заеднички го слават најдоброто од македонската фолк музика.
Новата сезона започнува на 5-ти октомври (недела) со почеток во 20:00 часот, ексклузивно само на Балкан Мјузик телевизија. Подгответе се за уште една незаборавна музичка година исполнета со радост, традиција и најубави македонски звуци.
Добредојдовте во петтата сезона на „На Здравје“ – местото каде што музиката, љубовта и радоста се претвораат во заеднички мигови што нè спојуваат, нè инспирираат и остануваат засекогаш во нашите срца.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски