Овој викенд, во духот на празникот посветен на жената – 8-ми март, телевизиската емисија „На Здравеје“ носи уште едно топло и празнично издание исполнето со музика, добро расположение и искрени наздравици.
Во името на жената – мајка, баба, тетка, сестра, пријателка – и во чест на сè што таа претставува низ животот, гледачите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со песни што се пеат од срце и атмосфера каква што само „На Здравеје“ знае да создаде.
Емисијата и овојпат ќе донесе позната формула: добра музика, дружење, искрена емоција и неизбежната наздравица за животот, љубовта и луѓето кои ни значат. Таму каде што чашата секогаш се крева за добро друштво, а песната ја носи приказната на душата.
Празничното издание ветува уште една неделна вечер исполнета со топлина, традиција и музика која ги обединува генерациите. Затоа, подгответе се за одлично празнично расположение и не пропуштајте ја најубавата музичка емисија кај нас и пошироко.
„На Здравеје“ – во недела во 20:00 часот на Балкан Мјузик ТВ.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски






