Секогаш кога ќе се собереме пред малите екрани за уште една епизода од музичкиот серијал „На здравје“, знаеме дека нè очекува вистинска музичка гозба. Оваа сезона, под водство на харизматичниот Орде Неделковски и со маестралната придружба на Група Круна, продолжуваме да уживаме во македонските безвременски хитови кои го красат секој убав момент од нашите животи.
И во оваа епизода, не изостанаа добро познатите песни што одекнуваат на секоја веселба. Честа да го отвори ова музичко патување ја имаа Јорде Босиловски и Оскар со евергринот „Чупе Битолчанче“, додека Катерина Брезева не потсети на силата на мајчините соништа со „Сонот на мајка Султана“. Група Круна со страст и емоција ја изведе „Учи ме мајко карај ме“, а младата и талентирана Ангела Влинтовска ја исполни сцената со магијата на „Верувај ми“.
Се пееше за љубовта, животот и радоста. Мишко Крстевски со енергичност ни кажа дека „Животот го сака“, додека пак Емилија Иванова и Чеде Сасиќ ни приредија вистински емотивен момент со „И уште не знам каде си“. Александар Тасевски го отпеа безвременскиот хит „Ти само ти“, а Чеде Спасиќ ни ја долови магијата на „Сребрена птица“.
А што е една добра музичка вечер без вистинска експлозија? Тука беше Сандра Милковска со незаборавната „Бомба“, а како и секогаш, за крај – оро што сите нè крева на нозе. „Зејтин оро“ во изведба на Горан Проја и Група Круна го заокружи ова незаборавно музичко дружење.
До следното „На здравје“ дружење, уживајте во убавата музика, танцувајте, пејте и не заборавајте – таму каде што зборовите завршуваат, музиката продолжува!