Почетна > Македонија > Кирил Џајковски со филмски оркестар – Музичка ноќ на 6-ти април

Кирил Џајковски со филмски оркестар – Музичка ноќ на 6-ти април

///
Comments are Off

За првпат во живо, со голем филмски оркестар, на 6-ти април, македонскиот музички визионер Кирил Џајковски ќе ја оживее својата филмска музика во величествен концерт кој ќе ја одбележи неговата 25-годишна кариера во светот на филмот.

Во придружба на 30-член оркестар, под диригентската палка на Џијан Емин, Џајковски ќе ги изведе легендарните музички теми од култни филмови како: „Големата вода“, „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „Бал-кан-кан“, „Трето полувреме“ и многу други.

Познат како еден од најценетите електронски артисти од регионот, Џајковски преку овој концерт ќе понуди ретроспектива на својата богата филмска кариера, комбинирајќи електронски звуци со симфониска моќ, создавајќи музичка магија која ќе ги однесе слушателите на незаборавно патување низ неговата уметност.

Може да ви се допаѓа и
Недела резервирана за македонска традиција: Нова епизода од „На Здравје“ во недела во 20 часот (Видео)
Фолк дивата Елена Јовческа во полн сјај: Нови песни, видеоспотови и концерти низ Европа (Фото)
Борче Наумовски – Министерот за естрада: Од скијачките патеки на Пелистер до голем концерт во Хераклеа (Фото)
Хитови, рефрени и изненадувања: „На Здравје“ и оваа недела со музика што се пее на глас – старт 20 часот на Балкан Мјузик ТВ (Видео)