Почетна > Арт Студио Продукција > Борче Наумовски – Министерот сними видеоспот за најновата „Моја љубов, моја судбина“ – емотивна приказна за вечната љубов (Фото)

Борче Наумовски – Министерот сними видеоспот за најновата „Моја љубов, моја судбина“ – емотивна приказна за вечната љубов (Фото)

///
Comments are Off

Популарниот македонски фолк-пејач Борче Наумовски повторно го привлече вниманието на јавноста, откако неодамна откри дека сними видеоспот за својата најнова емотивна песна „Моја љубов, моја судбина“. Станува збор за композиција која уште при првото слушање ја освојува публиката со искрената емоција, силната порака и препознатливиот стил на пејачот кој со години важи за еден од најбараните изведувачи на свадби и веселби низ Македонија.

Песната носи длабока и универзална приказна за љубовта – онаа вистинската, која трае засекогаш. Текстот е дело на Валентин Соклевски, додека музиката и аранжманот ги потпишува Кирил Стојчески. Во стиховите се испреплетуваат страста, верноста и чувството на сигурност што го носи пронаоѓањето на сродната душа.

Борче сподели и неколку фотографии од снимањето на видеоспотот, а истиот го снимаа и реализираа најдобрите – Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија. И според она што може да се забележи, приказната ќе биде исполнета со романтични моменти и свадбена атмосфера. Во спотот ќе се појави и млад пар кој ќе ја круниса својата љубов со брак, дополнително доловувајќи ја пораката што ја носи песната.

Но, тоа не е единственото изненадување што фолк-пејачот го подготвува за својата публика ова лето. По повод 30 години успешна кариера, Борче Наумовски на 22 јули ќе одржи голем јубилеен солистички концерт во античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, во рамките на Битолско културно лето. На сцената заедно со него ќе настапат и Татијана Стефановска, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Миле Кузмановски, Кате и Трајче Соната, како и маестро Кирил Стојчевски со големиот оркестар.

Веста за концертот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а бројните коментари и честитки покажуваат дека публиката со нетрпение го очекува музичкиот спектакл. Ако се суди според интересот уште од сега, ова лето во Битола ќе се пее, ќе се игра и ќе се слави кариерата на човекот кого многумина со право го нарекуваат „Министер за естрада“.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Ова лето патувајте безгрижно со Crvo Express – луксузни одмори во Грција и Бугарија по најповолни услови (Фото)
32 години музичка традиција: „Премиер Бенд“ најавува нови музички проекти и настапи низ Европа (Фото)
Таму каде што музиката создава спомени: Не пропуштајте го новото издание на „На здравје“ (Видео)
По успехот на „Чекор“, Darkoff ја претстави новата песна „Под ова небо“ (Видео)