Почетна > Македонија > На 19 јули во Охрид: Најдоброто од Игор Џамбазов на голем концерт на „Антички театар“ (Фото)

На 19 јули во Охрид: Најдоброто од Игор Џамбазов на голем концерт на „Антички театар“ (Фото)

///
Comments are Off

На 19-ти јули сите патишта ќе водат кон Охрид, а ние со особена чест и на ваше големо задоволство ви го најавуваме концертот на македонскиот актер и музичар Игор Џамбазов.

На 19-ти јули 2025 година на Антички театар со почеток во 21 часот публиката ќе има можност да го слушне „Најдоброто од Игор Џамбазов“ – порачуваат организаторите на големиот концерт на отворено во Охрид. На сцената ќе го придружува и неговиот блуз – соборец Гуру Харе со својот бенд.

Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, “Труба” „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, “Македоникејшн” „Во бестрага“ како и материјалот од новиот албум „Првите триесет“. Бидејќи ќе биде „The Best Off” концертот ќе се снима за телевизиски проект.

Влезниците ќе бидат достапни уште од оваа среда 4-ти јуни, а истите можат да се набават преку продажната мрежа на: www.mktickets.mk и на тезга – пунктот кај „Аждерот“ во Охрид.

Може да ви се допаѓа и
Три сплета, нови кавери и авторска песна: Група „Круна“ најавува жешка свадбена сезона (Видео+Фото)
Тереза Кесовија тргнува на последен поклон пред публиката
Песна, обичаи и идентитет: Ново празнично издание на „На Здравје“ (Видео)
Лени Партикова со нов студиски албум и голем концерт: Тетово подготвено за фолк спектакл (Фото)