Во пресрет на почетокот на големата регионална турнеја „Ја за чуда летим“, која свечено ќе биде отворена со концерт во Сплит на 14 февруари, Јаков Јозиновиќ ја претставува својата нова песна со наслов „Ја волим“ – сингл кој носи силна лична емоција и јасна порака.
Песната е создадена токму во еден од најинтензивните и клучни моменти во кариерата на Јаков. Како што самиот вели, „Ја волим“ настанала оној ден кога „почнала целата лудница“. Во студиото кај Мeт Шафт, заедно со Лаура која пјева, спонтано се родила идејата за песна што ѝ се обраќа на публиката директно – искрено, отворено и без никакви филтри.

Автори на текстот се Јаков Јозиновиќ, Лаура која пјева и Matt Shaft, додека музиката е заедничко дело на Лаура која пјева и Matt Shaft. За продукцијата и аранжманот е заслужен Марко Паламетa, кој на песната ѝ дава модерен, но истовремено длабоко емотивен звук, совршено вклопен со препознатливиот вокал на Јаков и неговата лична исповед. Визуелниот идентитет на песната дополнително ја заокружува целата приказна. За режијата и визуелното обликување на видеоспотот се погрижија Данко Шимуновиќ и Паве Елез, кои „Ја волим“ ја претворија во силна и автентична визуелна нарација, во склад со емоцијата што ја носи песната.

За соработката со Јаков, Лаура вели дека секогаш е исполнета со инспирација и возбуда.
„Уште кога бевме помлади, често зборуваше дека му е сон да ја распродаде загрепската Арена и во неа да ги изведува своите песни. Толку силно веруваше во тоа, што денес гледаме како тој сон навистина се остварува. Среќна сум што тоа му се случува токму нему – бидејќи искрено го заслужи“, додава таа, истакнувајќи дека со нетрпение ги очекува сите идни настапи и нови песни кои ќе ги создаваат заедно.
Песната „Ја волим“ веќе е достапна за слушање, а љубителите на музиката на Јаков Јозиновиќ преку неа можат да го почувствуваат почетокот на една нова, уште поискрена фаза во неговата кариера.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски






