Почетна > Арт Студио Продукција > „Моќта е во тебе“ – Брендот Lisca со кампања за женската самодоверба (Фото+Видео)

„Моќта е во тебе“ – Брендот Lisca со кампања за женската самодоверба (Фото+Видео)

///
Comments are Off

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, брендот Lisca приреди вечер која не беше само настан, туку вистинска сцена на женската инспирација, самодоверба и стил. Под мотото „Моќта е во тебе“, атмосферата пулсираше со енергија, елеганција и пораки што потсетуваат дека вистинската сила на жената доаѓа од автентичноста и храброста да биде своја.

Дванаесет влијателни и инспиративни жени – секоја со своја приказна, пат и визија – испратија дванаесет моќни пораки. Тоа беа мисли што не само што мотивираат, туку и потсетуваат дека женската сила не е во совршенството, туку во искреноста, во прифаќањето на сопствените несовршености и во смелоста да се чекори напред со крената глава.

Но, зад секоја ваква вечер стои нешто што публиката го чувствува, а ретко го гледа. Токму тука својата магија ја донесе Арт Студио продукција, тим кој уште еднаш покажа зошто важи за еден од најпрофесионалните продукциски тимови кај нас, а слободно може да се каже и пошироко. Со прецизност, креативност и чувство за естетика, Арт Студио продукција се погрижи секој момент да биде визуелно совршено обликуван. Од светлото што ја создаваше атмосферата, преку кристално чистиот звук, до беспрекорната видео реализација – секој детал беше внимателно режиран за вечерта да изгледа токму онака како што и заслужува: елегантно, модерно и впечатливо.

Целата приказна на кампањата „Моќта е во тебе“ доби сцена што ја нагласи секоја порака, секоја емоција и секој момент на инспирација. Директорката на Lisca, Даниела Димовска – Колиќ, нагласи дека брендот веќе седум децении ја гради својата приказна токму врз женската сила.

„Lisca е присутна во многу од најубавите моменти од животот на една жена. Нашата мисија е таа да се чувствува сигурно, удобно и своја. Со оваа кампања испраќаме силна порака – жените да веруваат во себе и да чекорат храбро кон своите соништа“, истакна таа. А кога ваквата порака е споена со внимателно осмислена и врвна видео продукција, резултатот е вечер што не се памети само како настан – туку како искуство.

И токму во таа симбиоза меѓу силната порака на Lisca се создаде една вечер која уште долго ќе се прераскажува – вечер што потсети дека моќта навистина е во секоја жена.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Фото и Видео: Арт Студио продукција

Може да ви се допаѓа и
Македонија – домаќин на Јуниорската Евровизија 2026?!
Стојне Николова ја претстави „Душа скршена“ – песна во која многумина ќе се пронајдат (Фото+Видео)
„На Здравје“ во чест на Денот на жената – празнична неделна вечер со музика од срце (Видео)
Ора, песни и носии: „Танец“ со велигденски концерт во МНТ