Почетна > Балкан > „Љубавници“ носат пролетна енергија со песната „Одлазим“ (Видео)

„Љубавници“ носат пролетна енергија со песната „Одлазим“ (Видео)

///
Comments are Off

Секое пролетно утро носи ново будење на природата, но и нов почеток, ослободување од студените зимски денови и враќање на слободата. Токму за тоа зборува новиот сингл на популарната група „Љубавници“, насловен „Одлазим“, кој уште при првото слушање освојува со заразен рефрен и весела мелодија.

Пролетната доза на позитивност ја потпишуваат Марио Регелја и Антонија Шола, кои стојат зад текстот и музиката, додека за аранжманот и продукцијата се погрижи Бојан Драгојевиќ. Оваа радиофонична песна, совршена за забави, но и за мислен бег од секојдневието, доби и видеоспот.

Спотот е снимен на автентична локација — железничка станица во близина на Јастребарско, а режијата и продукцијата повторно ги водеше долгогодишниот соработник на бендот, Лука Гргас. Возот како симбол на патување и нови почетоци е централниот мотив на видеото, а воедно и на самата песна „Одлазим“.

„Љубавници“ ги повикуваат сите да им се придружат на ова музичко патување, потсетувајќи дека секое заминување може да биде вовед во нешто ново и убаво.

Може да ви се допаѓа и
Од „По друм одам мајче“ до „Димче Могилче“ – емисијата „На Здравје“ повторно во полн сјај
Чолиќ откри тајна од младоста: Јас и Брега заљубени во иста келнерка
Пајак и Слаткар со „Его“ го растопија интернетот – летото конечно стигна (Видео)
Македонскиот оркестар Fame’s настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток (Фото)