Почетна > Балкан > Лепа Брена остана без својот тим по 16 години соработка?

Лепа Брена остана без својот тим по 16 години соработка?

///
Comments are Off

Сопственикот и директор на HYPE TV, Саша Мирковиќ, вчера вечер преку својот TikTok профил сподели шокантна вест поврзана со музичката легенда Лепа Брена.

Според неговите зборови, целиот нејзин тим – бек вокалите, музичарите, менаџерите и останатите членови на екипата – поднел оставка и повеќе нема да соработува со неа.

„Ова е најновата вест! Целиот тим на Лепа Брена вечерва си даде отказ. Бек вокалите, музичарите, менаџерите и сите членови на екипата ѝ се заблагодарија за 16-годишната соработка и заминаа. Ова е уште еден доказ дека сè што зборував е вистина. Кој не верува, ќе види утре“, изјави Мирковиќ во видеото.

Сè уште нема официјална реакција од Лепа Брена, а јавноста со нетрпение го очекува нејзиниот одговор на овие наводи.

Може да ви се допаѓа и
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“
Скандал на концертот на Дино Мерлин: Илјадници останаа надвор, публиката скандираше „Дино, крадецу!“ (Видео)
Јаков Јозиновиќ го објави својот прв студиски албум „Јас за чуда летим“ (Видео)
Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга (Видео)